Македонија
Да се одработат часовите во училиштата што беа изгубени поради дојавите за бомби, порача Министерството за образование
Наставата во средните училишта во Скопје, каде што во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства, кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно-образовен процес, во согласност со позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови, порача Министерството за образование.
„Местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа МОН, во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации, континуирано работат на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти“, велат од МОН.
Оттука, ги осудуваат обидите за наштетување на воспитно-образовниот процес на учениците. Создавањето страв и паника кај младите и одвлекувањето на вниманието од секојдневни училишни обврски подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние што во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје што побргу ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, велат од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

