Македонија
Движењето ЗНАМ демантира дека има свои претставници во работна група за изработка на закон за правична застапеност на етничките заедници
Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана.
„Би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се одраз на реалноста и вистината“.
Ставот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како што истакнуваат од оваа партија е дека правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и затоа треба да се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија.
Додаваат дека партијата работи јавно и транспарентно, како што тоа досега го покажала праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а
штитејќи ги државните интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

