Македонија
Демири: Со современиот лапароскоп ќе се вршат 800 интервенции годишно на детска хирургија

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска, ја посети Универзитетската клиника за детска хирургија, каде што оствари средба со директорите Славица Литајковска и Елмедин Асани и изрази задоволство од реализираните инвестиции што значат унапредување на здравствената заштита на најмладите пациенти.
„Минатата година од сопствени средства на клиниката беше набавен најсовремен лапароскопски апарат во вредност над 12 милиони денари. Лапароскопскиот апарат се состои од висококвалитетен медицински монитор, мултиспецијализиран видеопроцесор, камера со континуиран автофокус и флуорецентна слика. Универзитетската клиника за детска хирургија е екипирана со обучен кадар за ваков тип интервенции и досега се изведувале 40-ина лапароскопски интервенции месечно. Со набавката на овој најсовремен апарат ќе се зголеми бројот на интервенции и се очекува на годишно ниво да се извршуваат над 800“, информира Демири.
На средбата Демири истакна дека во заедничка соработка со Министерството продолжуваат активностите за зајакнување на здравствената заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.