Македонија
Демократски сојуз: Амандманската расправа да не трае подолго од 10 дена
Демократскиот сојуз бара да се измени Деловникот за работа на Собранието, со кој ќе оневозможи блокада на носењето на закони.
„ Предлагаме амадманската расправа да не може да трае подолго од 10 дена, освен кога се работи за закони со кои се регулираат прашања сврзани со националниот идентитет и јазикот, како и законите со кои се создаваат финансиски обврски.
Праксата покажа дека секој пратеник со неограничен број амадмани може да блокира донесување на закони и во суштина Парлментот да го блокира“ велат од партијта.
Оттаму нагласуваат дека во сите парламентарни демократии, мнозинство на пратеници носат закони, а во никој случај пратеник или пратеничка група не можат со поднесување илјадници амадмани да блокират донесување на закон.
Демократскиот сојуз во оваа насока ќе иницира промена на Деловникот за работа на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

