Македонија
Демократскиот сојуз: Апсурдна е иницијативата на Уставниот суд да ги врати одлуките на Иванов за аболиција

Иницијативата на Уставниот суд да ги врати во сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции инволвирани во тежок криминал претставува театар на апсурдот, соопшти Демократскиот сојуз.
„Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката.
Сето тоа во пресрет на вонредните парламентарни избори ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа на улиците со слоганот „Нема правда – нема мир“.
Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки.
Крајно време е парламентот да се разбуди и да ги разреши. Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.