Македонија
Демократски сојуз: Бугарија да ги спроведува заклучоците на Советот на Европа
Демократскиот сојуз ја поздравува последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) со која од Бугарија се бара да ја отфрли праксата за нерегистрирање здруженија на Македонците. Притоа, Комитетот на министри, кој е највиското извршно тело на СЕ, ја потсетува Бугарија дека повеќе од 16 години не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кои се во корист на македонските здруженија, чија регистрација упорно се одбива од бугарска страна.
„ Демократскиот сојуз со месеци наназад инсистира на реципроцитет во однос на бугарските барања за вметнување на нивното малцинство во македонскиот Устав, односно Бугарија да дозволи отворање македонски клубови и да не го негира постоењето македонско малцинство во нејзините граници.
Ваквите заложби на ДС сега добиваат на тежина со последната одлука на Комитетот на министри на СЕ со која на Бугарија ѝ се дава рок до септември 2023 година, да ги спроведе пресудите на Судот во Стразбур и да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците.
Македонската Влада мора ова прашање да го постави и пред Советот на Европската Унија, при што Советот на ЕУ да донесе соодвени заклучоци, со кои ќе ја задолжи Бугарија, да дозволи Македонците да можат да формираат зфруженија културни организации и политички партии“ велат од партијата.
Истовремено, ДС бара од македонската Влада, а посебно од Министерството за надворешни работи, да заземе поофанзивна политика кон Бугарија, бидејќи почитувањата на правата на Македонците, по последната одлука на Комитетот на министри на СЕ, не е веќе само билатерално прашање меѓу две држави, туку против бугарското непочитување на основните човекови права застана најстарата европска организација.
Признавањето на македонското малцинство во Бугарија во голема мера ќе ги подобри односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и меѓудржавните односи, додаваат од Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

