Македонија
Демократски сојуз: Наместо казни, информирање и едукација на граѓаните
Демократскиот сојуз предлага наместо ригорозни рестриктивни мерки, полициски час и забрани за движење – кампања за информирање и едукација на граѓаните за почитување на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, Ковид 19.
„ Без разлика што поголемиот број граѓани знаат како да се заштитат од вирусот, сепак има граѓани кои не се доволно информирани за опасноста од вирусот и како да се заштитат себеси и другите со кој комуницираат.
Затоа Демократскиот сојуз предлага да се подготви јасна препорака за самозаштита и заштита на другите од можна инфекција од вирусот Ковид 19.
Во информирањето и едукацијата на граѓани да се вклучат:
1. Медиумите: ТВ и радио станиците, порталите, печатените медиуми и социјалните мрежи.
2. Преку телефонските оператори секојдневно да се испраќаат до сите граѓани едукативни пораки (преку маил, смс пораки и другите социјални мрежи).
3. Сите министерства и другите државни институции (посебно Центарот за управување со кризи, МВР, МО и др.), општините и месните заедници, како и штабовите за цивилна заштита да се вклучат во едукацијата на граѓаните.
Посебно е битна улогата на полицијата која со предупредување за почитување на мерќите ќе влијае превентивно.
4. Министерството за здравство, здравствените установи (од јавното и приватното здравство), посебно матичните лекари, педијатри, гинеколози, стоматолози и другите да ги едуцираат сите свои пациенти со доставување на препораки преку емаил или телефон.
5. Верските заедници преку своите службеници, секојдневно да ги информираат и едуцираат своите верници и пошироко.
6. Универзитетите, средните и основните училишта да ги едуцираат студентите и учениците преку праќање на маилови, смс пораки итн.
7. Политичките партии со јавни настапи, информирање и едукација пошироко, но и нивните членови, можат многу да придонесат во спречување на ширенје на вирусот и борбата против лажните вести, теориите на заговор и сл.
8. Невладините организации можат да помогнат во информирањето и едукцијата на граѓаните преку планирани активности со вклучување на експерти и сл.
Само со јасна стратегија и препораки, информирање и едукација на граѓаните, како и доследна примена на препораките ќе се заштити здравјето на граѓаните, ќе се спреши ширењето на Корона вирусот и ќе се нормализира животот.
Со целосно и точно информирање на граѓаните за неопходните мерки и препораки, како и детално образложение зошто се преземаат, можна е ефикасна борба и победа над епидемијата.
ДС смета дека мора сите да се вклучиме во превенцијата за побрзо да излеземе од здравствената, економската и социјалната криза“ наведува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Македонија
Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.
Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.
Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.

