Македонија
Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Во врска со демантот на Уставниот суд за измените на Кривичниот законик и ставовите на Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, од оваа партија ги презентираат следните факти:
„Прво, на 6.9.2023 година Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки.
Измените на законот беа објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 188/23 од 7.9.2023 година.
Второ, Павле Трајанов на 19.9.2023 година до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на измените на Кривичниот законик дали се во согласност со Уставот.
Трето, Уставниот суд досега не го информирал подносителот на иницијативата за тоа дали постапил, дали е прифатена иницијативата, дали има донесено привремена мерка итн.
Четврто, измените на Кривичниот законик се применуваа, при што голем број носители на јавни функции, кои ја злоупотребиле службената положба за кои се води кривична постапка, се ослободени, а над 200 други функционери или службени лица исто така ќе бидат ослободени“.
Демократскиот сојуз и претседателот на партијата со своите ставови и иницијативата до Уставниот суд укажаа, како што потсетуваат, на штетните последици од донесувањето и примената на измените на Кривичниот законик, измени со кои се урива владеењето на правото.
„Ние зборуваме за суштината на иницијативата, а не за формално-правните аспекти.
Нашите очекувања беа и се Уставниот суд да донесе одлука за одложување на примената на измените на Кривичниот законик и донесување одлука со која ќе ја укине нивната примена“, потенцираат од Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Македонија
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце

Центарот за управување со кризи денеска попладне добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште.
Веднаш за настанот биле известени полициските станици Гостивар и Галате.
„Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице“, информираат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.