Македонија
Денеска сенароден собир на МПЦ-ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција
Македонската православна црква-Охридска архиепископија, денеска, во 18 часот, организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.
Светиот архијерејски Синод на МПЦ-ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог-закони.
Тој појасни дека МПЦ не е против остварување нечии права, туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување нечии права, на поединци или на групи, но, тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

