Македонија
Денеска сончево и многу топло

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.
Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно ќе биде на повеќе места во деновите од викендот кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.