Македонија
Деновиве СЈО ќе поднесе обвинение за случајот „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство најави дека во следните денови ќе поднесат обвинителен акт за предметот познат како „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Ова го соопшти специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи пред да ги образложи четирите нови истраги кои ги отвори СЈО за финансиски криминал.
Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.