Македонија
Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти за гласање. Тој вели дека обврска на ДИК е да овозможат сите граѓани да имаат право на глас, а за Избирачкиот список смета дека никогаш не може да биде идеално чист. За вицепремиерот Бујар Османи, пак, прашањето со злоупотреба на личните карти е одамна надминато.
„Откако сме во ДИК, немаме случај за употреба или злоупотреба на лични карти, како и лични документи. Се надевам дека нема да има ниту во следниот изборен процес. Ултимативна обврска ни е да организираме избори, каде што секој граѓанин ќе го оствари правото на глас, без некој друг да го направи тоа на негово место. Сметам дека во тој правец ќе продолжиме. Избирачкиот список редовно се ажурира и прочистува. Никогаш нема да биде идеално чист бидејќи секојдневно има луѓе што добиваат право на глас и кои се бришат. Она што можам да го гарантирам е дека на Избирачкиот список има само граѓани на нашата држава со право на глас“, вели Дерковски.
Османи, пак, вели дека државата е зрела, односно инклузивната Влада дополнително ги зацврстува темелите на организирање регуларни избори.
„Можеби сме единствена земја во светот што има ваква инклузивна Влада пред избори. Ова е знак на зрелост. Сто дена пред избори да отстапите министерства на опозицијата е знак на зрелост, гаранција дека никој не може да ги злоупотреби институциите, па да издаде лични карти и слично. Ова веќе неколку изборни циклуси не е прашње со кое се занимаваме“, вели вицепремиерот Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

