Македонија
Десетина повикани на распит во полиција за вчерашните инциденти во Крушево
																								
												
												
											МВР сè уште истражува кои се лицата што вчера фрлаа со пластични шишиња по владините претставници и странската делегација присутни на манифестацијата за Илинден во Крушево. Неофицијално, полицијата веќе идентификувала и повикала на распит во полициска станица десетина од учесниците во инцидентот. Се преземаат мерки и за расчистување на случаите со ширење говор на омраза, велат од МВР, а неофицијално ќе се испитува и дали има пропуст во безбедносните проценки.
Од Mинистерството за одбрана веќе соопштија дека на видеоснимките препознале припадник на АРМ во првите редови на толпата која ги предизвика инцидентите на Мечкин Камен. Иако војникот негирал дека тој учествувал во инцидентот, од Mинистерството формирале Комисија за покренување постапка против професионалниот војник.
Вчера на официјалното одбележување на празникот Илинден на Мечкин Камен, повеќе здруженија кои се декларираат како патриотски, како и членови на навивачки групи скандираа и пееја навредливи песни, а потоа и гаѓаа со предмети по владините делегати и странските дипломати кои беа присутни на прославата. Единствениот кој доби поддршка од толпата беше претседателот Ѓорѓе Иванов, кој, пак, од пошироката експертска јавност, како и од дел од владејачките партии беше посочен како главен поттикнувач на тензии и нетрпеливост, затоа што во својот „илинденски “ говор испрати пораки за губење на македонскиот идентитет, укинување на македонскиот народ, редефинирање на државата и сл.
Од кабинетот на pретседателот се оградија дека инцидентот го предизвикал говорот на Иванов и побараа Владата да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

