Македонија
Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати
Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.
Регистрирани се 18 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Направени се 3.529 теста преку: ИЈЗ – 100, ЦЈЗ Скопје – 41, ЦЈЗ Битола – 36, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 11, ЦЈЗ Куманово – 54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 9, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 26, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 217, „Авицена“ – 277, „Биотек“ – 598, „Систина“ – 120, лабораторија „Лаор“ – 197, „Синлаб“ – 37, „Ремедика“ – 51, „Плодност“ – 80, „Генеа“ – 133, „Никоб лаб“ – 864, „ВФВ медикал“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 588.
Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.629, Активни 158
Куманово 8.874, Активни 50
Прилеп 8.324, Активни 32
Тетово 7.239, Активни 32
Битола 6.304, Активни 15
Велес 5.471, Активни 3
Гостивар 5.181, Активни 14
Кавадарци 5.153, Активни 0
Охрид 5.015, Активни 23
Штип 4.960, Активни 3
Струмица 4.114, Активни 7
Струга 2.981, Активни 4
Кочани 2.791, Активни 4
Кичево 2.588, Активни 33
Гевгелија 2.195, Активни 2
Неготино 2.184, Активни 3
Свети Николе 1.523, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.223, Активни 3
Радовиш 1.161, Активни 5
Берово 1.029, Активни 0
Делчево 973, Активни 4
Дебар 941, Активни 2
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 4
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

