Македонија
(Видео) Дескоска: Не сум Никола Тодоров да ме шетаат по ресори

Да се вратам во образование – нема. Сепак, не сум јас Никола Тодоров да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда, Рената Дескоска, во изјава за медиумите.
„Дали ќе го напуштам Министерството за правда – не знам. Мојот пат е одење напред. Единствено место каде што можам да се вратам е Правниот факултет“, порача Дескоска пред новинарите.
Ваквата изјава на министерката за правда следува по најавата на премиерот, Зоран Заев, дека по претседателските избори, ќе следува чистка на функционери на високи владини и јавни функции, кои доволно добро не си ја извршувале својата работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Немаат симптоми лицата кои биле во контакт со заразените со мајмунски сипаници

Контактите на лицата позитивни на мајмунски сипаници не развиле никакви симптоми на заболување.
Институтот за јавно здраваје информира дека нивни епидемиолози стапиле во комуникација со контактите и тие немаат симптоми, додека позитивните лица се во добра состојба.
Од тука велат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, ниту нови позитивни случаи.
Институтот за јавно здравје денес отвара две нови телефонски линии за информирање за Mpox од кои едната за консултации на граѓани, а втората за консултација на здравствени работници
По двата потврдени случаи, се проценува дека засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.
Македонија
Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

В среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ).
Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред.
За оваа позиција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи актуелниот претседавач на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славески. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка за Славески, додека опозициската СДСМ соопшти дека нема да го поддржи, нарекувајќи го партиски кадар.
Славески, доколку биде избран за гувернер, ќе си замине од функцијата во Град Скопје.
Македонија
„Марш за ангелите“ – во Кочани утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани.
Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.