Македонија
Детската клиника: Специјализантите ќе ги добијат платите за декември и за јануари, за дежурствата од октомври се чека согласност од ФЗО
Приватните специјализанти на Клиниката за детски болести ќе ги добијат платите за декември и за јануари, а за да им бидат исплатени надоместоците од октомври наваму, се чека согласност од Фондот за здравствено осигурување, вели директорката на Клиниката, Стојка Нацева-Фуштиќ. Согласноста за исплата на платите на приватните специјализанти за декември и за јануари директорката Нацева-Фуштиќ објаснува дека ги добиле од Фондот на крајот на јануари.
„Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари поврзана со исплатата на плати и дежурства, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ја информира јавноста дека по добиената согласност од ФЗОМ од 26.1.2023 година направени се пресметки за исплата на плати за 12/2022 и 1/2023 и по нив ќе биде постапено во целост. Во однос на исплата на надоместоците за дежурства за 8/22 и 9/22, извршена е исплата, а за 10/2022, 11/2022, 12/2022 и 1/2023 ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ“, вели директорката Нацева-Фуштиќ.
Приватните специјализанти на Детската клиника пред два дена алармираа дека се обиделе преку бојкот на работата да изразат револт поради неисплатена плата од декември наваму и неисплатени дежурства од август 2022 година навака, но од управата на болницата добиле закани дека ќе им ги прекинат специјализациите и ќе биде објавен нов конкурс за специјализанти. Се пожалија и дека се во постојан конфликт со административните служби секогаш кога треба да им се префрлат плати.
И нивните исплати зависат од Фондот, кој веќе две недели е под сајбер-напад, поради кој сите јавни здравствени установи се задолжени до понеделник да достават документација за исплата на плати, а здравствените работници исто така до понеделник оставија рок да им бидат исплатени платите. Ако не им се исплатат, најавија генерален штрајк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

