Контакт

Македонија

Децата во зима ни живеат во гасна комора, педијатарот Андоновски алармира за нездравиот воздух

Објавено пред

Повеќе од половина од населението во Македонија живее со четирипати повеќе штетни честички во воздухот, според стандардите на Светската здравствена организација. Истражување на британски „Гардијан“ покажа дека Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа, се соочуваат со огромна здравствена криза и се области со опасни нивоа на загадување на воздухот. На мапата што ја објави „Гардијан“, Македонија и Србија се во црна боја.

dobivaj vesti na viber

 

Истражување на британски „Гардијан“ покажа дека Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа, ги обележа во црна боја

Многу мал процент од луѓето се свесни дека загадувањето претставува ризик за здравјето на сите нас, дека може да биде причина за нечија смрт. Топката се префрла од локалната на централната власт и обратно, а бројките на починати лица постојано растат. Апелите на граѓанските здруженија да се реши проблемот што ја стави Македонија на листата на 10 најзагадени земји според веб-страницата што го мери квалитетот на воздухот, Iqair, не допреа ниту до претходната, а ниту до актуелната владејачка гарнитура.

Загадувањето го зема својот данок, според специјалист педијатарот Ангелчо Андоновски, и децата се тие што најмногу страдаат.

Нашите деца зимскиот период го живеат во гасна комора, вели Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

„Присуството на ПМ 10-, ПМ 2,5-честичките, тешките метали, бензините, токсичниот отпад, кој постојано е присутен во Скопје, предизвикува безброј проблеми, кои, за жал, предизвикуваат хроницитет, а со тоа и нарушено здравје уште од најраната возраст, можам слободно да кажам – нашите деца зимскиот период го живеат во гасна комора. Возрасните лица се исто така засегнати и се јавуваат со компликации на нивните хронични заболувања и би рекол дека и животниот век е скратен поради комплицирање на нивните состојби со коморбидитети. ПМ 10-честичките го напаѓаат белодробието, а ПМ 2,5-честичките крвните садови, па затоа и бројот на срцеви и мозочни удари е веќе на највисоко можно ниво“, вели Андоновски.

Граѓаните се револтирани од фактот што власта ништо не презема, велат дека се занемаруваат проблемите, кои навистина претставуваат ризик за сите нас. Постојат организации што се занимаваат со ова прашање, но ефектите се речиси и невидливи.

Дишеме воздух загаден трипати повеќе од дозволеното

Табелата претставува анализа на податоци на ПM 10-честичките од студијата, која е подготвена од професор доктор Дејан Мираковски, а се однесува за Скопје. Заклучокот е дека загадувањето на воздухот ја надминува просечната дозволена граница, што укажува дека дишеме воздух загаден трипати повеќе од дозволеното.

Децата до пет години најпогодени од отровниот воздух

Доцент доктор Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје, која ги работи процените за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението со акцент на смртноста, вели дека хронично болните луѓе со кардиоваскуларни, цереброваскуларни заболувања, респираторни заболувања и други коморбидитети, но и децата под 5 години, се најподложни на влијанијата на загадениот воздух со ПМ-честички, а кој го дишеме.

„Најчувствителните групи на население се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65-годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе што работат на отворено и пушачи, чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постојни респираторни проблеми се изложени на особен ризик. Иако помладите лица и децата над 5- годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи“, се дел од пресметките што ги врши Димовска од Институтот за јавно здравје.

Според магистер доктор специјалист Ангелчо Андоновски, појавата на голем број опструктивни заболувања, појавата на астма, појавата на голем број алергии и исто така појавата на фиброза на белодробието се веќе појави што се следат во оваа измината деценија, а и повеќе.

„Одговорност мора да има токму поради фактот дека видливо овој проблем предизвикува огромен број нови заболувања, а и изгубени животи поврзани токму со загадувањето“, вели Андоновски.

Гасификацијата е решение за загадениот воздух

Дарко Блинков, генерален инспектор во Инспекторатот за животна средина, на нашето прашање како Министерството го решава проблемот со загадувањето, вели дека постојано се прават инспекциски надзори во однос на сите поголеми загадувачи. Тој посочува дека следењето на квалитетот на воздухот почнува некаде пред 50-ина години  и додава дека треба многу да се вложува во однос на справување со аерозагадувањето, а според него, главните загадувачи се домаќинствата.

„Најголем проблем имаме со енергентите. Користењето на јагленот, дрвата и пелетите, горивата. На целиот Балкан има лош квалитет на јаглен. Нашето Министерство направи детаљна анализа за објекти што користат разни типови цврсти горива и, за жал  поразителни се резултатите бидејќи најголем дел се од општините или од државната администрација. Станува збор за образовни и здравствени капацитети, каде што вложувањата на државата треба да бидат најголеми, но со оглед на тоа дека поглавјето на животната средина е најобемно и најскапо, а секако државата не е многу дарежлива со пари“, вели инспекторот Блинков.

Како што истакнува тој, се добиваат средства од донатори од Европската Унија и за десет општини веќе има планови за справување за проблемите со квалитетот на воздухот.

„Инвестирано е во мониторинг-станиците преку субвенционирање мерки. За време на короната беше проблем со струјата и со пелетите. Мислам дека гасификацијата е еден од главните елементи што ќе помогне многу во Македонија да се подобри квалитетот на воздухот. Добар пример е болницата за гинеколошки работи во Чаир, која се приклучи на гасоводната мрежа, како и општите болница во Струмица и Куманово“, посочува Блинков.

Според него, друг значаен индикатор што влијае на загадувањето е сообраќајот.

Оние што имаат возила со поголеми емисии на загадување ќе треба да плаќаат и поскапа регистрација, вели инспекторот Дарко Блинков

„Не само Македонија, туку и целиот Балкан стана увозник на целото европско ѓубре од возила, некогаш тоа биле добри брендови, но по 20-25 години возење, навистина тие возила не користат за ништо, со пробиени катализатори, особено дизел-возилата. Може во иднина да биде забранет увозот за одредени возила. И оние што имаат возила со поголеми емисии на загадување ќе треба да плаќаат и поскапа регистрација. Тука би можела државата и да субвенционира мерки, на пример, да се врати старото возило и со доплата да се земе поново. Индустријата исто многу влијае на загадувањето на воздухот. Економијата, екологијата и здравјето некако не одат заедно. Ќе имаме едно, ќе немаме друго. Огромен проблем секако е и пренаселеноста со згради“, завршува Блинков.

Загадувањето во 2021 година е трипати помало од тоа во 1991 година, покажуваат податоците на air.moepp.gov.mk

Според податоците на air.moepp.gov.mk, на табелата од 1990 сѐ до 2021 година загадувањето се намалило, но сепак е над дозволеното ниво.

Маја Терзиова и Сара Танаскоска

Оваа сторија е продуцирана со поддршка на регионалниот проект „SMART Balkans – Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (HMNP).

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“

Објавено пред

Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.

dobivaj vesti na viber

Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.

„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..

И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.

Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.

„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија8 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија8 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија10 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија10 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ10 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија11 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија12 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија12 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија13 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија13 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет14 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет14 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет14 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа14 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа15 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа16 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет16 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...