Македонија
Димитриевски ја посети командата на СЕЕБРИГ: Беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска ја посети касарната „Боро Менков“ и просториите на командата на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) кадешто беше пречекан од страна на најстарите национални претставници на државите – членки на СЕЕБРИГ.
„Заедно со командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос во брифинг салата проследивме презентација за историјата, мисијата, реализираните и идни предвидени активности на СЕЕБРИГ. Во рамките на кратката обиколка на работните простории, беа воочени и условите, во кои беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа, при што со задоволство се потпишав во Книгата на впечатоци на СЕЕБРИГ“, рече Димитриевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.