Македонија
Димитриеска Кочоска: Целта на кампањата е граѓаните да даваат што повеќе идеи бидејќи тие се локомотивата за развојот општината
Имаме ситуации каде што инфлацијата ни е 19.5% и ние како ВМРО-ДПМНЕ дававме еден куп предлози како да го надминеме тој проблем и како да не бидеме држава која што има, или една од државите која што има највисока инфлација во Европа. За жал сето тоа наидуваше на пречки, нема никаков слух од Владата во рамки нели на прифаќање на некои од овие наши предлози, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска е во Виница во рамки на кампањата „Твојата идеја за промени“.
„ Ние се фокусираме на она каде што навистина можеме да помогнеме, а тоа е токму граѓаните во рамки нели на општините каде што имаме наши градоначалници и од таа причина е организирана оваа кампања. Жал ми е што не можеше минатата година да се организира бидејќи на крајот на годината градоначалниците ги преземаа општините. Но, затоа ние она што го ветуваме и го исполнуваме, еве граѓаните и тоа можат да го видат. Го ветивме и годинава го исполнуваме. Голем дел од тие идеи ќе се вклучат и во рамки на самите буџети.
Морам да споменам дека сега и со градоначалникот на општина Виница поразговаравме околу плановите за 2023 година и она што е сработено во 2022 година. И драго ми е што и понатаму во општина Виница приоритет ќе биде реализација на инфраструктурните проекти. Значи и тие и во овој момент работат на реконструкција, асфалтирање на улици во село Градец, Блатец. Во Виница исто така планирани се инфраструктурни проекти односно асфалтирање на улици и за следната 2023 година. Имаме исто така планови и на барање исто така на граѓаните за довршување на дел од водоводна и канализациона мрежа, за најмладите исто така нели игралиште за деца. И она што исто така многу ме радува каде што младите не се изоставени, во буџетот за 2023 година имаме план односно градоначалникот веќе предвидува изградба на една отворена теретана која што нели ќе биде за најголема среќа на млади, но во исто време се надевам дека и многу од повозрасните луѓе со цел да имаат подобро здравје ќе ја користат да кажеме таа отворена теретана“ рече Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека целта на кампањата е што повеќе идеи бидејќи никој подобро не може да ги каже идеите и што му треба на одредено населено место од луѓето кои што живеат таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

