Македонија
Димитров во Берлин на средба со Рот
На средбата со домаќинот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, вицепремиерот Никола Димитров денеска во Берлин ја пренесе загриженоста од македонска страна дека секое понатамошно одолговлекување со почетокот на преговорите со ЕУ може да предизвика зголемена недоверба кон европската перспектива, не само на Северна Македонија туку и регионот. Тој нагласи дека е потребно да се преземат одлучни чекори за да се надминат сите непринципиелни барања, со цел земјата што е можно побрзо да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.
„Проблематизирањето на идентитетските обележја на еден народ како што е јазикот и условувањето истото да биде дел од пристапниот процес, не само што претставува своевиден ултиматум, туку и оправдана причина за намалување на довербата на македонската јавност кон евроинтерациите. Би сакал да верувам дека Германија со својата препознатлива упорност, заедно со земјите од Триото и, се разбира, со нашите напори, ќе успееме сегашното разочарување да го претвориме во политички успех”, истакна тој.
Димитров и Рот разменија мислења и околу плановите за одржувањето на Самитот во Берлин во рамките на Берлинскиот процес планиран оваа година и заеднички се согласија дека оваа иницијатива е значајна за регионот и неговото поврзување, особено преку активностите посветени на елиминирање на пазарните бариери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

