Македонија
Димитров во Берлин на средби со високи претставници во германската влада
Работната посета на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на Берлин продолжи со средби во канцеларијата на канцеларката Меркел со главниот советник за надворешна политика, Јан Хекер, и заменик-главниот советник за европски прашања, Франц Ноједер.
На средбите се разговаралo за актуелностите и претстојните чекори во процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ. Од страна на соговорниците бил поздрaвен успехот што Република Северна Македонија го постигна во делот на реформите и добрососедските односи и во таа смисла е потврдена јасната поддршка за соодветно препознавање на направеното и отворање на следното поглавје на патот кон Европската Унија.
Во рамките на денешната посета, заедно со заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, продолжија активностите во Бундестагот со средба со пратеникот на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул.
Во фокусот на разговорот е текот на домашните реформи и резултатите во делот на добрососедските односи и соработка преку договорот за добрососедство со Бугарија и преспанскиот договор и претстојните чекори во процесот на европската интеграција, како и улогата и поддршката на Бундестагот во овој контекст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

