Македонија
Димитров во Солун на конференција на високо ниво посветена на европската перспектива на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Солун ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.
На конференцијата поканетите министри за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници на ЕУ-институции, ќе имаат можност да разменат мислења околу предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Радев телефонски разговараше со Сиљановска-Давкова: Дијалог од особена важност за цврсти билатерални односи

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.
– Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.
Македонија
Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.
Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.
– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.
Македонија
Кузеска бара разрешување на министерката Димитриевска-Кочоска

СДСМ денеска на прес-конференција побара од премиерот Христијан Мицкоски да ја разреши министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за нејзиниот говор на седницата за пратенички прашања.
– Навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени не смеат да бидат затворена тема. Кога министерка јавно ќе изјави дека жена која од одредени причини не можела да има деца нема право да зборува за семејството, тоа не е само навреда. Тоа е понижување. Тоа е ароганција. Тоа е дискриминација. Тоа е нечовечност. И наместо да се извини, да ја признае својата грешка и да поднесе оставка, Кочоска продолжи со напади, обвинувајќи дека некој „глумел жртва“, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Како што наведе Кузеска, разрешувањето на Кочоска ќе биде чин на праведност и на почит кон секоја жена.
– Срамен е молкот и на претседателката Гордана Сиљановска. Зошто не реагира за овие навреди и дискриминации? СДСМ нема да дозволи омаловажувањето да стане новото нормално во државава. Ќе продолжиме да бараме морална одговорност и да се бориме против сите понижувања, дискриминации, омаловажувања и навреди на оваа власт, рече Кузеска.