Македонија
Димитров со високи советници во комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари средба со стафери на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Соединетите Американски Држави, предводени од директорот Крис Соча. На средбата беше разговарано за унапредување на партнерските односи меѓу двете земји и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија.
Соговорниците го поздравија потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, истакнувајќи дека решавањето на долгогодишниот спор со Грција претставува позитивен пример како треба да се решаваат отворените прашања во регионот. Во оваа насока, беа разменети мислења за процесот на ратификација во американскиот Сенат.
Министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршка на САД, особено на Сенатот, кој игра значајна улога во креирањето на надворешната политика на САД, за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија. Воедно, се заблагодари за неодамнешната резолуција поднесена во Сенатот на САД, во која се оценува дека со постигнувањето на договорот со Грција се придонесува кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион и се дава дополнителна поддршка за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија
Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.
Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.
„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.
Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.
Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.
Македонија
(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието
Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Протестот почна со 3 минутен молк.
Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.
Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.
Македонија
(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот
Протестот на Партизанска започна со три минутен молк.