Македонија
Димитров учествуваше на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, учествуваше на состанокот на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан, на кој ги претстави плановите на Владата за спроведување на Економскиот инвестициски план, презентиран на денешниот состанок од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи.
„Идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет, на кој првпат ќе претседава премиерот и ќе се направи ревизија на единствената листа на проекти, а паралелно ќе се утврди и кои проекти соодветствуваат со Економскиот инвестициски план“, рече Димитров.
Тој на состанокот ја потенцира важноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан потсетувајќи дека во Северна Македонија досега се финансирани 23 проекти во вредност од речиси 2,1 милијарди евра во грантови и заеми, што е значителна поддршка во нашето портфолио на капитални инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.