Македонија
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
Свесен сум за одговорноста што ја носам како претседател на Комисијата за избори и именувања, не постапката за избор на нов состав на ДИК е комплицирана, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија димовски.
– Треба целосна согласност на парламентарните групи. Прв чекор е утврдување на прочистена листа, тоа треба на Комисијата за избори и именувања, каде што СДСМ има 6 члена, ВМРО-ДПМНЕ 6 и еден Беса на Касами. Второ, листата се праќа до Џафери, кој треба да ги извести партиите, кои за три дена треба да одговорат со свои предлози. И после Комисијата оформува конечна одлука во согласност со Изборниот законик. Предлогот се доставува до Собранието, па се гласа со двотретинско мнозибство. Ако нема усогласеност, процедурата ќе има неуспех и целата постапка ќе треба од почеток – рече Димовски.
Димовски апелира што побргу да се усогласат партиите за да не биде притисокот врз Собранието и Комисијата за избори.
– Јас сум свесен за мојата одговорност, но тоа го правам да оставиме простор за договор меѓу партиите. Сме разговарале со Џафери кога ќе има респонзивност од партиите, да добиеме зелено светло, веднаш ќе ја завршиме постапката – вели Димовски.
Причина за закочувањето на постапката, според Димовски, е одложувањето на законите што беа договорени во пакетот за гласање двотретински закони.
– Талат Џафери може да ме прескокне, но тоа не би било коректно за процесот на избор на ДИК, не би сакале да се доведеме во ситуација да се одложува два месеца, важна е респонзивноста на партиите – рече Димовски, без да прецизира до кога ќе им остави време на партиите да се договорат. Сме разговарале со Мицкоски, предлогот за закон за амнестија не е поврзан со изборот на ДИК – додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

