Македонија
Димовски: Помалите коалициски партнери негодуваат за албанската платформа
Претставниците на помалите партии, особено оние од помалите етнички заедници, негодуваа за албанската платформа со која излегоа парламентарните албански партии, на денешната средба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.
За најавеното почнување преговори за формирање влада со ДУИ, Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
„Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски.
Фокусот на средбата бил на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.
„Главна тема е анализата на изборните резултати. Сите претставници ги предочија своите видувања околу ангажманите, околу резулататите и околу сето она што се случи во Макеоднија на денот на изборите. Беа различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што беше несомнено потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција „За подобра Македонија“, изјави Димовски.
Тој нагласи дека роковите за формирање на Влада се јасни и кажа дека јавноста ќе биде информирана штом ќе започнат преговорите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

