Македонија
Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот
Унапредување на соработката со Царинска управа на Република Хрватска сè со цел пожестока борба и сузбивање на организираниот прекуграничен криминал во регионот. Ова е договорено помеѓу директорите на двете Царински управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, на настан одржан во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска.
„Нашата безбедност се потпира на нашите способности за жестока борба со криминалот и сузбивање на нелегалната трговија. Притоа унапредување на соработката со Царинските управи во регионот е од исклучителна важност за зголемување на безбедноста“, истакна директорот Николовски.
На настанот организиран по повод работната посета на директорот Николовски е договорено одржување на обуки со експерти од Хрватска, при што од наша страна ќе бидат пренесени искуствата во примената на системот за видео надзор и препознавање на регистарските таблички. Воедно договорено е унапредување на соработката во делот на размената на информации за цели на истраги.
Николовски потенцира дека унапредувањето на институционалните капацитети е клучно за поголема ефективност во наплатата на приходи и сузбивање на прекуграничниот организиран криминал. Притоа, како што рече, Царинската управа работи и на зајакнување на К9 единицата со нови кучиња и обуки коишто ќе се вршат во континуитет.
Во рамки на настанот во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска, царинските службеници извршија презентација на обуките што ги вршат во тамошниот центар со помош на опрема која служи како наставно помагало меѓу која и возила во кои е откриена разна криумчарена стока, од која најмногу наркотици. Воедно во тренинг центарот се наоѓа и К9 тренинг полигонот како и одгледувачница за идните службени кучиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

