Македонија
Директорката на ГАК со апел: Итно ни требаат доктори и медицински сестри, си заминуваат, се работи 24 часа
На денот на предвреме родените бебиња директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, апелира под итно да се одобрат вработувања, особено за одделот за предвреме родните. Таа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, се пофалија со рекордно ниски бројки на смртност кај предвреме родените. Од 2017 година за 74 отсто е намалена смртнста кај предвреме родените бебиња и годинава е сведена на 5,6 отсто, што директорката Јовановска рече дека е извојувано со макотрпна борба, но нагласи дека најбргу што може им е неопходно одобрување нови вработувања оти секојдневно си заминуваат и сестри и лекари од тој оддел.
„Работиме со многу мал број вработени. Нам итно ни требаат доктори и медицински сестри, кои секојдневно го напуштаат одделението затоа што се соочуваат со огромен предизвик, меѓутоа и со многу тешка задача. Тоа е 24-часовно работно време, без можност за одмор. Вработените, особено докторите на овој оддел, немаат можност, дури ни да го искористат правото на годишен одмор поради тоа што обврските секогаш ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки, им должиме на овие вработени, кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри што не можеа да го издржат овој предизвик. Таа работа е исклучително тешка. Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не може да се соочат со овие предизвици и си одат“, рече директорката Јовановска.
Додека министерот Меџити спокојно седеше до неа, директорката Јовановска апелира не само до него туку и до сите други надлежни што е можно побргу да се одобрат вработувања за да може побргу и да се реализираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

