Македонија
Светски ден на предвремено родените деца – петпати во пет години намалена смртноста на прематурусите во државата
Клиниката и годинава го продолжува трендот на сериозно намалување на смртноста на предвремено родените бебиња, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити, на прес-конференцијата одржана на ГАК по повод одбележувањето на Светскиот ден на прематуритетот.
„Годинава (од 1.1.2023 до 14.11.2023), вкупната смртност на прематурчиња и на критично болни новороденчиња на ЈЗУ У ГАК е 5,6 проценти, со тенденција и понатаму да паѓа. Само за споредба од изминатите години кога Северна Македонија во 2016 година беше на врвот на смртноста на новороденчиња во Европа, проценот во изминатите години се движеше од: 2016 г. – 25 %; 2017 г. – 21 %; 2022 г. – 8,2 % и 2023 г. – 5,6 %“, рече тој.
Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, истакна дека Клиниката за гинекологија и акушерство се приклучува на одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родените деца – 17 Ноември со цел подигнување на свеста за предизвиците и ризикот од предвременото породување, за начините да се спречи тоа, за тоа како на прематурчињата да им се овозможат најдобрите здравствени услови да преживеат и да напредуваат, како и давање поддршка на семејствата на овие дечиња.
Прематуритетот, според неа, останува глобален проблем и водечка причина за смртност на деца до петтата година, а некои од преживеаните деца се борат со тешки компликации врз здравјето.
„Бројките зборуваат за драстичен пад на процентот на смртност кај предвремено родените бебиња на што особено се гордееме, а тоа се должи на навистина огромниот ангажман на целиот персонал од одделот за неонатална интензивната нега (ОИНТ) и на сериозната инвестиција во персонал, знаење и во најсофистицирана и најсовремена апаратура.
Прочистениот број на смртност (предвремено родени бебиња над 26. гестациска недела) годинава е 1,38 %, а 2022 година ја завршивме со 2,4 %.
За одбележување е дека во наведениот период од 2023 година во добра здравствена состојба дома заминаа 6 прематуруси родени во 26. гестациска недела, едно во 25. гестациска недела и две родени во 24. гестациска недела.
Нашата држава сериозно се доближува до најразвиените земји во светот кога станува збор за преживување и на предвремено родените новороденчињата со најмала гестациска недела и тежина.
Клиниката за гинекологија и акушерство се соочува со недостиг на персонал, како педијатри и медицински сестри“, рече таа.
Рената Димитриовска, началник на одделението за интензивна нега и терапија, се осврна на примената на нови методи, кои почнуваат да се применуваат и на интензивната нега на ГАК. ГАК, според неа, континуирано ги следи препораките на СЗО, со што се приближува кон светското семејство на достигнувања.
Клиниката, како што рече, полека, но сигурно почнува да го имплементира процесот на кенгурирање, најбитниот момент и контакт помеѓу предвреме роденото бебе и родителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај
Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.
ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.
Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.
Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови.
Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.
Македонија
Кацарска ја чува обезбедување, денес добила закани дека „страшно ќе одговара“
Непознато лице денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. По инцидентот интервенирало нејзиното обезбедување.
„Полициски службеници од полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите ‘ќе одговараш, страшно ќе одговараш’. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Пред неколку дена во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Утре затворени неколку улици во Скопје
Утре од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански триоги триатлон”, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во дел од градот ќе има изменет режим на сообраќај, соопшти СВР Скопје.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски” и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов и обратно.
Утре исто така со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв” ќе има посебен режим на сообраќај во делот од градот каде што ќе се реализира манифестацијата.
Настанот почнува пред Музеј на град Скопје – улица Св.Кирил и Методиј, потоа лево по булеварот Св.Климент Охридски, во продолжение право по булеварот Мајка Тереза, па лево по улицата Тодор Александров и по локалниот пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”).