Македонија
Директорот на БЈБ, Јанев, на Денот на Единицата за брзо распоредување: EБР има стожерна позиција во севкупниот полициски систем на функционирање
Во Полицискиот центар Ѓорче Петров беше одбележан 23 Август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 23 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. Во присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинатите и на починатите припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица, ги поздрави и им се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.
Во своето обраќање директорот Јанев ги потенцира сите позитивни постигнувања и дострели на Единицата за брзо распоредување, кои сите нè прават исклучително горди, а тоа се: улогата, професионалниот квалитет на знаења и вештини и местото што ЕБР го има во полициско-безбедносниот систем на нашето министерство.
„Нема дилема дека во севкупниот период од постоењето, Единицата, односно сите нејзини припадници во минатото и денес, систематично и доследно успева да ги исполни зацртаните цели утврдувајќи ја својата стожерна позиција во севкупниот полициски систем на функционирање. Особено во делот на посложени, би рекол посензитивни и поспецифични полициски задачи и надлежности. И, затоа, сосема со право, сега можеме да говориме за единица чии одлики и широки оперативни перформанси по ништо не заостануваат во споредба со истите такви полициски формации на полициите од Европа и светот“, истакна директорот Јанев.
Директорот Јанев истакна дека денес Единицата за брзо распоредување, профилирајќи се во високоспецијализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој свој припадник, во своето егзистирање етаблира современи стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни, технички и така натаму и затоа таа сега претставува единица подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност.
Јанев нагласи дека за БЈБ и МВР, од императивно значење е прашањето за натамошно развивање на Единицата за брзо распоредување во повеќе насоки, почнувајќи од делот на воведување нови методологии на дејствување, а проследено со натамошна материјално-техничка модернизација, односно техничко-функционална опременост, па сè до приспособување и примена на технички софистицирани средства и системи на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

