Македонија
Дијабетичарите денеска на протест: „Заврши времето на лаги и обезличување 150.000 граѓани, 45.000 лица со дијабетес на инсулин“

Дијабетичарите, денеска, во 19 часот, ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери. Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Македонија се одлучи за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.
„Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување 150.000 граѓани, 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето она што го можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и ‘нашата’ Влада, манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови… затоа што дојде време да си го земеме она што по Уставот, законот и со буџетот ни следува“, велат од Сојузот.
Свесни за жештините, од Сојузот ги повикуваат сите што се во можност да дојдат на протестот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Улицата „Максут Садик“ пред завршување, значајна инвестиција за Чаир

Денес, првиот Заменик премиер и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити ги следеше работите за реконструкција на улицата „Максут Садик“ во Чаир, значаен инфраструктурен проект кој го поврзува овој дел на општината со булеварот „Никола Карев“ и со Универзитетот „Мајка Тереза“, каде што наскоро ќе се изгради современ универзитетски кампус.
Станува збор за инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година.
„Денес сум тука заедно со вас за да го следиме напредокот на реконструкцијата на улицата ‘Максут Садик’. Оваа улица не е само обична сообраќајница, туку важна артерија која го поврзува овој дел на Чаир со булеварот ‘Никола Карев’, со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, каде што многу скоро ќе никне модерен универзитетски кампус. Ова е инвестиција од околу 220.000 евра, која се реализира со поддршка на Владата во рамки на Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година“, изјави Меџити.
Работите, како што тој истакна, се одвиваат со брзо темпо и проектот се очекува да заврши за две недели.
„Ова значи дека жителите од ова населба, а особено ромската заедница, која со години чекала подобри услови за движење, конечно ќе добијат инфраструктура каква што заслужуваат“.
Меџити додаде дека овој проект не се однесува само на асфалтирање, туку и на конкретна посветеност кон заедницата.
„За мене ова е повеќе од асфалт и нова улица. Ова е потврда дека кога Владата и општината ќе застанат заедно, резултатите стигнуваат до луѓето. Ова е пример за тоа како конкретни дела ја менуваат секојдневната реалност“, нагласи тој.
Меџити уште еднаш го потенцираше своето лично залагање за развојот на општината.
„Како човек кој целиот свој живот го поминал во Чаир, добро ја знам секоја улица и секој проблем. Мојата посветеност е јасна: да обезбедиме нови инвестиции, нови услови и нова енергија за Чаир. Ова е само почеток. Чаир има потенцијал, има сила и ќе го има развојот што го заслужува“, оцени Меџити.
Македонија
Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, преку објава на социјалните мрежи извести дека е потпишан договор за нова ултра модерна поликлиника во општината.
„Денес во просториите на Министерството за здравство заедно со министерот Азир Алиу го потпишавме договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова поликлиника во општина Бутел.
Ви ветив и ќе остварам! Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека Министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот.
Историски миг за граѓаните на општина Бутел. Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект.
Процесот започна со внимателно проектирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди.
Добиваме нова поликлиника која ќе овозможи подобро услови за давање на здравствена заштита.
На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.
Деталниот урбанистички план кој го донесовме, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта.
Со изградба започнуваме наскоро и со цело срце го чекам денот кога ќе удриме камен темелник на новата поликлиника. Историски чекори за нашата Општина!“, напиша Костовски.
Македонија
Средба Николоски-Памер: реализација на капиталните проекти и унапредување на инфраструктура, тема на разговорот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
На средбата се разговараше за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот.
Исто така на средбата се отвори темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во истиот.
Двајцата говорници разговараа и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и други сектори од заеднички интерес на двете земји.
На средбата се потврдија добрите билатерални односи, со посебен акцент на развивање на економските врски. Средбата ја искористија да разговараат и за зголемување на трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.