Македонија
Докторката за обвинувањата од Пехчевски: Вакво нешто не сум доживеала, револтот му е оти не зема прв „Трикафта“
Јас не ги одредувам приоритетите сама, туку во соработка со докторите од Клиниката за пулмологија кои се одговорни за возрасните пациенти, вели директорката на детската болница Стојка Фуштиќ, во напишаното на социјалните мрежи како реакција на обвинувањата на Пехчевски.
“Благодарност од пациент”
Поцитувани Фб пријатели,
Еве на кој начин пациентот И.П., кој на 32 годишна возраст го примив на УК за детски болести за да му се стабилизира здравствената состојба во услови кога немало место на УК за пулмологија, се заблагодарува: јас сум дрска и напад со најпогрдни зборови и колнења од неговите пријатели. Вакво нешто не сум доживеала за 30 години работа и посветеност на пациентите со ЦФ“, додава во реакцијата.
„Целиот негов револт е зошто не беше ставен во првите 12 пациенти за Кафтрио. Јас не ги одредувам приоритетите сама, туку во соработка со докторите од Клиниката за пулмологија кои се одговорни за возрасните пациенти. Предлогот да си оди 12-от ден од терапијата е поради Велигденските празници, но ако тие не му значат може да остане уште 2 дена.
Апелирам болничката соба да не се злоупотребува како подиум за комуникација со новинарите, зошто тоа нарушува одредени принципи на болничко лекување“, додава Фуштиќ.
Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните
Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата, додаде Кузеска.
Таа упати благодарност до граѓаните кои денеска гласаа, а изборите ги оцени како слободни, мирни, демократски и достоинствени.
Кузеска кажа дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.
Прашана како го коментира скриениот бојкот во општините каде што има доминантно албанско население, портпаролката на СДСМ кажа дека како настапила секоја партија на овие избори треба да одговори пред граѓаните и пред себе.
„СДСМ од самиот почеток повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат својот глас. СДСМ никогаш не бил кочничар на било кои процеси кои ја носат државата напред“, рече Кузеска.
Македонија
(Видео) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.