Македонија
ДОМ: Борбата против корупцијата мора да биде врвен приоритет!
На вчерашната седница на Централниот одбор на зелената партија ДОМ се дискутираше за актуелната политичка состојба, за активностите на ДОМ на домашен и меѓународен план и за планот на активности на партијата во следниот период.
Ставот на ЦО на ДОМ е дека фокусот на политичко дејствување мора да биде на спроведување на реформите и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„ДОМ останува конзистентна во ставот дека интересот на граѓаните и државата мора да биде пред личните и партиските интереси. Во однос на актуелната тема за проширување на парламентарното мнозинство, за ДОМ од суштинска важност е дефинирањето на програмските приоритети и конкретен план за нивна реализација, а не бројот на министерски и директорски позиции на партијата, која претендира да стане дел од мнозинството.
За ДОМ, борбата против корупцијата е клучен приоритет и затоа инсистира на спроведување ветинг (проверка) на обвинителите, судиите и политичарите, конфискација на нелегално стекнатиот имот и конкретен, транспарентен акциски план и извештаи за спречување корупција во секоја институција и јавно претпријатие, интензивирање на процесот на дигитализација, како и воспоставување на системот на заслуги при назначување директори, вработување и унапредување во институциите и јавните претпријатија“, велат од партијата.
ДОМ инсистира на забрзано спроведување на праведната зелена транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, усвојување и спроведување на законската регулатива значајна за заштита на животната средина и климата и енергетската демократија.
Како еден од врвните приоритети за ДОМ се истакна и потребата за унапредување на човековите права, особено на жените и маргинализираните групи.
Приоритет за ДОМ останува промената на изборниот модел со воведување една изборна единица, отворени листи и 50 % жени на листите.
„Се потенцира потребата од исполнување на барањето на пациентите со цистична фиброза за обезбедување медикаменти за нивно лекување. За ДОМ, неприфатливо е селективно обезбедување на лекот ‘трикафта’ за 8 од 130-140 болни. Со обѕир на високата цена на лекот, предлагаме Министерството за здравство да разговора со производителот на лекот за обезбедување гратис лекови или лекови по пониска цена како би можеле сите пациенти да бидат опфатени.
Во однос на предлогот за амнестија на учесниците во настаните од 27 април, ставот на ДОМ е дека по добивањето на предлог-законот на увид, органите на партијата ќе изградат дефинитивен став за овој предлог, но генерален став е дека правдата треба да се спроведува во правосудните институции, а не со амнестија во Собранието“, додаваат од ДОМ.
Членовите на ЦО искажаа задоволство и поддршка на Секретаријатот на ДОМ за меѓународна соработка, за активностите поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија и регионот на Западен Балкан, како и за зајакнување на капацитетите на партијата.
На седницата се дискутира и за активностите и остварувањата на функционерите на ДОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

