Контакт

Македонија

Дончев: Фондот ја намали цената на тестовите за Ковид-19

Објавено пред

Фондот за здравствено осигурување ја намалил цената на тестот за Ковид-19 од 5.500 на 3.600 денари по анализата што ја направил на цената утврдена во 2013 година кога имало мал интерес за молекуларно тестирање. Директорот на Фондот, Ден Дончев, вели дека истовремено со намалувањето на цената што ја плаќа Фондот, утврдиле дека приватните клиники ги наплаќаат тестовите по 1.500 денари, па затоа по толку им ги платил и Фондот на оние лаборатории со кои имаат склучено договори за тестирање на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

„Фондот имаше цена по методологија од 2013 година за вршење ПЦР-тестови, молекуларни, од 5.500 денари, но тоа во услови кога само една или две јавни здравствени установи располагаа со такви тестови и потребата беше помала, пред да настапи пандемијата. Во услови кога се прават помал број тестови, фиксните трошоци се такви какви што се, а варијабилните се помали оти нема обем на тестирање и цената беше поставена 5.500 денари. Откога се соочивме со Ковид-19, цената што поставивме беше истата. Фондот направи своја анализа по вообичаената методологија и пракса за цената на тестот по ПЦР и дојдовме до цена од 3.600 како реална за овој тип услуга. Истовремено, дојдовме до сознанија дека цената во слободни услови на пазарот е 1.500 денари и затоа се донесе одлука за цена од 1.500 денари за нив. Во тој момент јавно дадена цена во приватните установи беше 1.500 денари, а зошто ја зголемија, е прашање за приватните здравствени установи“, рече Дончев.

Наспроти тврдењата на директорот Дончев, Клиниката „Жан Митрев“ извести дека ја зголемиле цената на тестовите од 1.500 на 3.600 денари за да се изедначи со цената што за овие тестови ја плаќа Фондот за здравствено осигурување.

Македонија

Клековски и Аџигогов донираа крв: вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку дела на човечност

Објавено пред

По повод 25-годишниот јубилеј од самостојното функционирање на Фондот за здравствено осигурување, денеска, во соработка со Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина, се реализира традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“, која оваа година се одржува по осумнаесетти пат.

dobivaj vesti na viber

Со оваа акција, Фондот, велат од таму, уште еднаш ја потврдува својата основна мисија – грижата за здравјето на осигурениците и промовирањето на хуманоста како врвна општествена вредност.

„Преку овој чин на солидарност, вработените на Фондот симболично ја спојуваат професионалната посветеност со највозвишениот човечки гест – дарување живот.

Од своето формирање во 2000 година, како самостојна институција за спроведување на задолжителното здравствено осигурување, Фондот доследно ја негува културата на општествена одговорност и лична заложба за заедницата. Крводарителската акција „Фондовско срце“ е токму потврда дека вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку вистински дела на човечност, доблест и милосрдие.

Во остварувањето на овие вредности особено значаен е личниот пример на генералните директори на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, кои со своето активно учество ја поттикнуваат свеста кај вработените дека хуманоста е највозвишената форма на грижа за човекот.

„Дарувањето крв е дарување надеж, живот и човечка топлина. Со оваа акција, Фондот уште еднаш покажува дека зад институцијата стојат луѓе со големо срце – луѓе што живеат и работат во духот на солидарноста“, беше пораката на денешниот настан.

Фондот им упатува благодарност на сите свои вработени кои секоја година ја докажуваат својата хуманост и придонесуваат кон спасување на човечки животи.
„Оваа традиција, започната пред 18 години, продолжува како симбол на колективна совесност и институционална култура која ги поврзува вредностите на професионалноста, човечноста и општествената одговорност“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

Објавено пред

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, накусо ги повтори сите ветувања што ги даде изминативе дваесет дена. Рече дека денес нема да држи политички говори, туку ќе им се заблагодари на скопјани за досегашната соработка.

dobivaj vesti na viber

„Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, за секоја критика и најмногу за огромната надеж што ја почувствував во вашите очи, надеж дека Скопје, конечно, може и мора да биде подобро“, рече Ѓорѓиевски.

Рече дека кампањата ја водел искрено и наместо со празни ветувања, пред скопјани излегол со докази оти она што го направил во Кисела Вода за него не се само бројки, туку доказ дека зборот го претвора во дело.

Рече дека зад него не стои само неговата политичка партија, туку тим од врвни експерти, професори, архитекти, уметници, но и обични и чесни луѓе, кои „о живеат и дишат овој  град.

Повика в недела, масовно, референдумски, скопјани да излезат на гласање во сите општини.

„Нашиот град повеќе нема време за губење. Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје. Затоа ве повикувам в недела масовно да излеземе и да ја донесеме одлуката. Да не дозволиме да изгубиме уште две недели во неизвесност и политички калкулации“, рече Ѓорѓиевски.

Побара силна и чиста поддршка за да може веднаш да почне со работа и по којзнае кој пат во изминатите дваесет дена повтори дека ако скопјани не го изберат во првиот круг, само ќе ги продолжат голготата и хаосот во кој градот живее со години.

„Ве повикувам да го заокружите бројот 9. Тоа не е глас само за мене, ниту глас за една политичка партија, тоа е глас за работа, за ред, за одговорност, за визија, глас за иднината на градот Скопје. Од срце ви ветувам на сите – ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Не градоначалник што седи во канцеларија, туку човек што ќе работи, ќе слуша и ќе обединува. Човек што ќе биде на терен, меѓу вас, решавајќи ги проблемите онаму каде што настануваат. Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје“, повика Ѓорѓиевски.

Рече дека веќе се чувствува победнички оти верува во силна поддршка од скопјани. Нагласи дека е отворен за соработка и дека секоја добра идеја што ја нема во неговата програма ќе ја прифати и ќе ја реализира до крајот на мандатот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Граѓаните в недела ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Објавено пред

Во канцеларијата на Народниoт правобранител, в недела (19 октомври), на денот на одржувањето на првиот круг од локалните избори, во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе може да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе може за заштита на своите права да се јават и на следните телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488, се истакнува во соопштението од Народниот правобранител.

dobivaj vesti na viber

„Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“.

И во оваа пригода Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите, како и други повреди на избирачкото право, се казниви дела. Народниот правобранител апелира до сите фактори во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа5 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет5 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион5 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет6 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија6 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет17 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија20 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија24 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...