Македонија
ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега само штанцаат нови, велат од СДСМ
„ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните. Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо. Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот. Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Така е и овој пат со новите лажни ветувања“, посочуваат од СДСМ.
Според нив, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.
„Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Заев: По 30 години станавме членка на НАТО и дадовме придонес кон безбедноста на Балканот
„После 30 години ги исполнивме двете најголеми стратешки цели. Станавме членка на НАТО, за нас тоа значи безбедност и стабилност на овој мултиетнички Балкан, а втората цел беше почеток на преговори со ЕУ. Тоа за нас значи повеќе демократија, повеќе слобода, повеќе вредности што го очекуваа нашите граѓани, а ние продолжуваме во оваа насока, дека работиме добро во следните 3 години од 1-ви јуни 2017 година до 15 јули 2020 година каде што заврши мандатот за новата влада што ја водев јас, победивме и на следните избори во 2020 година, а јас подготвувам нова влада од 1 септември 2020 година“,рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата „People Power Academy“ во организација на невладината организација Канвас.
Тој додаде дека со СДСМ, се менува земјата целосно.
„По поразот на локалните избори во 2021 година дадов оставка затоа што тоа е демократски начин, некој треба да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да бидат одговорни“, заклучи Заев.
Македонија
(Видео) Силјановска-Давкова: СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние
Денеска кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа митинг во Могила.
Меѓудругото, Силјановска-Давкова рече: Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.
„Далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседатели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот! Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние! Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!“, рече професорката.
Македонија
Мицкоски: Се обврзуваме на брзи резултати и исполнување на она кое што го ветуваме за да ја трансформираме Македонија напред и да ја вратиме државата на граѓаните
Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска. А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампањата за претседателските и парламентарни избори.
Мицкоски истакна дека коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет заедно со народот испишува историја, посочувајќи дека после локалните избори, очекува и на овие избори заедно со народот да победат и испишат историја.
Ова е континуитет да коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на последните изборни циклуси заедно со народот испишува историја. Така беше на локалните избори во 2021 година,
Мицкоски нагласи дека победата значи одговорност и брзи резултати, додавајќи дека имаат план, енергија, мотив за да реализираат се што ќе ветат.
Ова е одговорност. Свесни сме дека ова е одговорност и народот бара брзи резултати. Имаме план, енергија, мотив. Вие сте нашиот мотив да веднаш после формирањето на новата влада сето она кое што го зборуваме ширум Македонија го реализираме и веднаш се да се почувствуваат брзите резултати. Тоа е нашата цел, рече Мицкоски и додаде:
И тоа ќе биде одговор на многумина кои се обидуваат да бидат аналитичари и да го демотивираат народот во Македонија со тоа што велат дека сите политичари се исти. Јас сакам да кажам дека не само што не сме сите исти, туку ние сме многу поразлични. Не можам јас да бидам ист со Димитар Ковачевски, бидејќи стојам позади Гордана Силјановска. Не може да биде Гордана Силјановска иста со Стево Пендаровски, бидејќи позади Стево Пендаровски стои Али Ахмети. Не сме сите исти. Многу сме различни и затоа овие историски моменти кои се случуваат, оваа масовно обединување кое се случува во Македонија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и народот ќе остане забележано и јас сум убеден дека на 8 мај ќе ставиме точка. Точка на една нова голема историска победа со 61 пратеник во македонскиот парламент.