Македонија
Државната секретарка во МВР на средба со претставникот на УНХЦР во земјата, Габриел Гуалано де Годој
Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска, оствари протоколарна средба со новоназначениот претставник на УНХЦР во земјавт, Габриел Гуалано де Годој, посакувајќи му добредојде во земјата и успешен мандат.
На средбата од страна на двајцата соговорници беше истакната исклучителната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР за што беа изразени заемна благодарност и признание. Беа потенцирани некои поважни моменти од соработката во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можните идни чекори во однос на натамошната соработка.
Државната секретарка Несторовска изрази заложби и отвореност за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР, особено во однос на заштитата на бегалците и искоренување на појавата на бездржавјанството. Притоа во однос на досега постигнатото Гуалано де Годој ја пренесе благодарноста, но, како што посочи, и признанието од високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, г. Гранди, дека Република Северна Македонија се цени како лидер не само во регионот туку и во светски рамки изразувајќи отвореност за натамошна поддршка од УНХЦР за прашања од заемен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

