Македонија
ДСЗИ со ситни забелешки кај медицинските лица за носењето заштитна опрема

Со вкупно 223 надзори, Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил темелна ревизија во јавни и приватни здравствени установи. Инспекторите ја контролирале опремата и опременоста, како и почитувањето на протоколите за заштита од страна на вработените.
„Во однос на почитување на протоколите во работењето и носењето заштитна опрема од страна на вработените, нотирани се поситни забелешки за повеќе здравствени установи и за тоа е дадена насока до менаџментот. ДСЗИ очекува дека сите вработени во целост ќе ги прифатат забелешките и ќе ги коригираат пропустите со што ќе го заштитат и своето и здравјето на сите околу себе“, велат за „Макфакс“ од Инспекторатот.
ДЗСИ најави дека наскоро ќе направи нова инспекциска контрола за проверки дали се имплементирани забелешките и дали се коригирани пропустите на кои веќе укажале.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат уверуваат дека заштитна опрема, како што е веќе неколкупати известиле, има доволно во сите институции и секоја здравствена институција може да ги дополнува количините од резервите на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои судии и обвинители од партиските тефтерчиња“, велат од партијата Левица.
„Со последното гласање во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните сателити ВРЕДИ и ЗНАМ, одбија да го поддржат Предлог-законот на Левица за измени на Кривичниот законик, кој предвидуваше:
– Дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и
– Незастарливост на кривични дела сторени од службени лица во извршување на функцијата
Со тоа, овие партии јасно порачаа дека не им е до правда, туку до прикривање на криминалот на нивните луѓе. Тие повторно ги предадоа интересите на граѓаните, избирајќи да ги штитат своите корумпирани редови.
Овој предлог на Левица имаше за цел да ги анулира срамните измени на Кривичниот законик од 2023 година, кога СДСМ и ДУИ на брза лента ги изгласаа, а ВМРО-ДПМНЕ им овозможи кворум, по што – многу поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа амнестирани преку „застарување“.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која глуми борец за правда, но кога ќе дојде момент за вистински реформк, тие одбиваат да ги поддржат. Зошто? Затоа што токму тие најмногу профитираат од сегашниот систем на организирана неказнивост.
Само лани до ноември, во Кривичниот суд застарел 71 предмет. Секој од таквите предмети е симбол за распаднатиот правен систем, за неказнетиот криминал и за договарања под маса. Јавна тајна е дека за „застарување“ постојат ценовници, влијанија, уцени и слично.
Граѓаните веќе не веруваат во никакви „нови почетоци“ од старите партии. Сите гледаат дека кај моќниците нема ни страв од впуштање во кривично дело, ни срам кога истото ќе се открие. Тие знаат дека системот е дизајниран да ги штити.
Левица ќе продолжи бескомпромисно да се бори за крај на неказнивоста. Овој предлог е само еден од низата за која Левица се залага, предлага и ќе продолжи во таа насока – против корупцијата, вистински реформи и промена на системот“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од ул. Мирослав Крлежа и дел од ул. Ленинова, реон кај кафе Правда, општина Центар;
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од Булевар Партизански Одреди од библиотека кон ул.Лениново, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од објектите со парни броеви од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину, како и дел од објектите со непарни броеви од ул. Франце Прешерн, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул. Осло и ул. Будимпештанска, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ул. Киро Фетак-1, општина Кисела Вода.
Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.