Македонија
(Видео) ДУИ бара партиите да се финансираат од буџетот
Демократската унија за интеграција бара финансирање на партиите од буџетот. „Не сме задоволни од постојниот закон за финансирање партии, бараме законско решение преку кое партиите ќе се финансираат од буџетот, тоа е постабилно и е начин на превенција од корупција“, порача пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на тркалезната маса за подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на Националниот демократски институт (НДИ), во соработка со „Транспаренси интернешнл Македонија“.
„Сметаме дека ова прашање треба да се уреди преку буџетот, тоа ќе даде придонесе во транспарентноста, а се залагаме и за надзор како се трошат парите на граѓаните од партиите. Дали според мандати или според гласови освоени на парламентарните избори да се издвојуваат средствата. На овој начин ќе се среди оваа сива зона во финансирањето на партиите“, рече Груби.
Тој се осврна и на изборот на новата Државна изборна комисија и апелира тоа да се случи што побргу за да се продолжи со обврските што следуваат за референдумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

