Македонија
ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети
Партиската изборна комисија при Демократската унија за интеграција денес го спроведе внатрепартискиот изборен процес за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноци, месни совети и членови на месните совети во 10 ограноци на ДУИ во Боговиње, Брвеница, Желино, Врапчиште, Теарце, Чашка, Студеничани, Долнени, Гостивар и Тетово.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција зборуваше за овој изборен процес и истовремено ги објави имињата на новоизбраните претседатели.
Ахмети рече дека е најгорд човек поради тоа што инсистирал ДУИ да се демократизира, и да стане прифатлив дел за секој граѓанин да ја види можноста, трката и конкуренцијата.
„Овој ден е многу важен за ДУИ, ги започнавме следните две децении водејќи демократски процес и овој процес нема да застане тука туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ уште посилна и подемократска, и поодговорна, да бидеме со граѓаните, за граѓаните а секако дека сите заедно сме посилни и непобедливи“, изјави Ахмети.
Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, Брвеница – Аркин Јахији, Желина – Емир Сулејмани, Врапчишти – Неби Реџепи, Теарце – Нухи Незири, Чашка – Нафи Дурмиши, Студеничане – Ејуп Абази, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар – Валдет Џафери, Тетово – Фатон Ахмети.
На овие избори биле регистрирани 10.423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла
Времето утре, променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.
Македонија
27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот во вториот круг од локалните избори, според ДИК
Излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 27,19 отсто, според податоците објавени од Државната изборна комисија.
Според комисијата, излезноста за Град Скопје до 15 часот изнесува 29,94%.
Најголема излезност е забележана во Општина Карпош со 32, 40% и Општина Центар со 31,65%, најмала излезност за градот Скопје има во Општина Сарај 6% и во Чаир со 8,83%.
„Споредено со излезноста во првиот круг и пресекот направен тогаш во 15 часот, излезноста изнесувала 31,16% за градот Скопје.
Во однос на излезноста за градоначалници на општините според пресекот во 15 часот, процентот на избирачи кои гласале во избирачките места од кои се пристигнати податоци до ДИК изнесува 30,26%. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците изнесува 93,59%“.
Гласањето како што соопштија од комисијата се одвива непречено и во најдобар ред.
„Се што беше доставено како приговори за избирачко право се решава и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас“. Засега велат од таму не се пријавени никакви инциденти.
Македонија
(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК.
„Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во проценти значи 98,98% пристигнати до ДИК“.
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.

