Македонија
ДУИ: Таравари нема храброст да се извини за својата лага
Три дена после кажаната голема лага во медиумите, ниту Арбен Таравари, ниту неговата партија, фракција на ДПА на Мендух Тачи, Движењето за Реформи во ДПА, и по демантирањето од Тирана и Приштина, не наоѓаат храброст и доблест да се извинат на граѓаните, на Косово и Албанија, обвини ДУИ.
„Само една изјава на бившите соработници на Мендух Тачи ја истакна на површина целата измама која тие ја претставуваат заедно со нивното незнаење и несериозност.
Таравари и поранешните сопартијци на Мендух Тачи кои создадоа фракција во ДПА, од стравот од претрпување на петтиот пораз по ред како фракција или седумнаесети како доживотни губитници од 2002 година, бараат помош и спас тропајќи на сите можни врати, и на имагинарните, затоа што немаат храброст за да се соочуваат директно.
Вие барате гласови за да уривате, а не да градите, за да поразите а не да победите, за да уништите а не да создадете, за лошо а не за добро.
Движењето за Реформи на ДПА доколку не се дистанцира и не ја осуди лагата, измамата и незнаењето на нејзиниот функционер, Арбен Таравари, тогаш е соработник во потикнување на раздор помеѓу граѓаните и оваа клевета ја пласира за да им послужи на нивниот идеолошки и коалициски партнер, слично како со таканаречената “Тиранска платформа” се вели во соопштението од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

