Македонија
Европска недела на имунизација: Со вакцината МРП успешно справување со епидемијата на морбили
Европската недела на имунизација ја промовира основната порака – имунизацијата е неопходна за да се спречат болести и да се заштити животот. Вакцинацијата е признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот.
Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем број сериозни заболувања, а се развиваат и многу нови ветувачки вакцини.
Вакцинацијата создава отпорност на организмот кон заболувањата, го спречува ризикот од заболување и ја спречува смртноста од заболувањето. Таа спречува инвалидитет и други последици, придонесува за колективен имунитет, но исто така спречува и појава на епидемии од заразни болести. Ги намалува трошоците за лекување, како и трошоците за боледување, но најважно од сè, обезбедува здраво поколение.
Континуирано преземаме бројни активности за унапредување на веќе успешниот систем за имунизација во државата спроведуван од страна на службите за имунизација во здравствените домови. Навремено обезбедуваме вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет. Тие се регистрирани во државата, преквалификувани од Светската здравствена организација (СЗО) со што дополнително се гарантира дека вакцините што се користат се безбедни и ефикасни и за истите задолжително се обезбедува сертификат за квалитет издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОЦМЛ-мрежата.
Со строго придржување кон принципите за одржување и контрола на студениот синџир на сите нивоа – при набавката, транспортот, чувањето и ракувањето со вакцините и со максимална посветеност на здравствените работници кои ја спроведуваат имунизацијата, се стремиме кон остварување на основаната целта, односно постигнување на опфат над 95% на национално и регионално и над 90% на локално ниво со сите вакцини.
Согласно преораките на СЗО, Министерството за здравство во 2019 година воведе две нови вакцини во календарот за задолжителна имунизација, вакцина против инфеции предизвикани од ротавируси и против инфекции предизвикани од Streptococcus pneumoniae.
Вакцинацијата против ротавируси ги заштитува децата од тешки дијареи предизвикани од овие причинители, придружени со многу висока температура и дехидратација, како и од компликациите предизвикани од истите.
Вакцинацијата против Streptococcus pneumoniae ги заштитува децата од заболувања предизвикани од овој причинител, односно инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови, но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис).
Со осовременувањето на календарот за имунизација, рамо до рамо со европските земји, обезбедивме заштита од вкупно 12 заразни болести. Реализирани се неколку едукации и обуки за здравствените работници во соработка со СЗО и УНИЦЕФ.
Во однос на актуелната ситуација со новиот коронавирус и континуираното и тековно спроведување на имунизацијата, уште на самиот почеток, Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација донесоа препорака дека вакцинацијата треба/мора да се спроведува континуирано, согласно календарот за имунизација. Оваа препорака се однесува особено на новороденчиња и деца од предучилишна возраст. Секако, согласно препораките да не се групира населението, со цел да се избегне истовремено присуство на голем број лица, во рамките на секој здравствен дом е направена проценка и распоред на вакцинацијата, односно истата се спроведува во здравствените домови со претходна покана на децата и со закажани термини.
Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници, во која од појавата на првите случаи на крајот од 2018 година и одјавата на крајот од 2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесуваше 1.901 случај и, за жал, 4 смртни случаи. Со преземањето на интензивните мерки со цел заштита на населението од епидемијата, од почетокот до одјавувањето на истата, вкупно се вакцинираа 49.332.
Во 21 век секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат со вакцинирање, но овие болести сè уште претставуваат значителни закани во европскиот регион. Како резултат на тоа, зајакнувањето на имунизацијата останува клучна активност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.
Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.
Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.
Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.
Македонија
Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.
Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.


„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.
ПР
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“

