Контакт

Македонија

Европски ден на органодонорствотo: 67 лица добија орган и шанса за нов живот во последните три години во државата

Објавено пред

Европскиот ден за донирање органи и трансплантација во земјава се одбележа со панел дискусија во Делегацијата на Европската Унија, која што покрај aмбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, министерот за здравство, националниот кооридинатор за трансплантација беа присутни и приматели на органи, претставници на сите клиники кои учествуваат во трансплантацијата, претставници на Здружението на млади лекари и на Здружението на студенти. Настанот е организиран во рамки на проектот на Европска Унија за „Поддршка на системот за трансплантација“, а во соработка со Министерството за здравство и Делегација на Европска Унија во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Настанот кој се одржа во просториите на „Europe House“ Скопје, го отвори амбасадорот на Европска Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир.

Преку симболично засадување на младо растение како синоним за нов живот кој треба да се негува, присутните оддадоа почит на сите 19 донори и на нивните семејства, благодарение на кои во последниве три години 67 лица добија орган и шанса за нов живот. Педесет и седум годишниот Иван Огњановски е еден од тие 67 лица. Во мај 2020 година му беше трансплантирано срце од починат донор. Тој е првиот пациент во земјава кај кого беше направена трансплантација на срце. Три години подоцна Иван живее нов, подарен живот.

„Треба да сме свесни дека понекогаш некој крај значи и нов почеток. Нов живот. За нас како пациети тоа е нов почеток, за семејствата е можеби утеха дека дел од нивните најблиски продолжува да живее. За сите останати е надеж и верба во добрина во ова малку тешко време кое го живееме. Денес, три години по трансплантацијата, семејството на дарителот е мое ново семејство. Постојано имам покани за дружби во Дојран. Тоа за мене значи и нов живот, и нови пријатели. Тешко е на тие средби кога се навраќаат и на најблиските кои не се веќе живи, ама во исто време, зборуваме и за она што значи иднина“, вели Огњановски.

На панел дискусијата беше присутен и Дарко Голубовски кај кого беше направена трансплантација на срце.

„Среќен сум со новото срце. Го дочекав. И се заблагодарувам на фамилијата. Благодарен сум на сите, ми дарија нов живот. Тоа е за мене благослов. Моето срце го изгубив, ама ова ќе го чувам. Верував кога ми викааа дека ќе ми биде подобро“, раскажува Дарко.

Процесот на трансплантација од починат донор во Северна Македонија започна во 2015 година по донесените законски измени кои ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со започнување на мултиорганската трансплантација или трансплантацијата на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата 2022 година за прв пат е направена трансплантација на црн дроб. За период од 3 години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, 3 црни дроба, 9 срца и 20 коскени ткива, информира организаторот.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, беше еден од учесниците на панел дискусијата „Градење функционален систем за дарување органи и трансплантација“, заедно со Националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова-Мијовска и Даница Авсек, тим лидер на проектот која осврна на досегашните чекори во полето на трансплантација и укажа на следните чекори кои се неопходни ако сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на органодарувањето.

„За релативно краток период од само три години успеавме од речиси нула донори да стигнеме до мултиорганска трансплантација. Денес на нашите клиники се работи трансплантација на срце, црн дроб, коскени ткива и бубрезии сето тоа успешно. Со гордост можам да кажам дека во Северна Македонија постои систем во Министерството за здравство, кој е клучен предуслов за успех во трансплантациите на органи и ткива. Постои одличен систем за следење на органите и нивна распределба во склоп на “Мој термин”. Имаме транспарентни листи за чекање и софтвер за избор на реципиенти“, објасни министерот Меџити, нагласувајќи дека трансплантациите се реализирани преку Програма за трансплантација од страна на Министерство за здравство.

Тој изрази благодарност до сите семејства кои се согласија во најтешките моменти да ги донираат органите на своите блиски и со тоа спасија многу животи.

„Токму семејствата на донорите, ја подигнаа јавната свест за органодонорство во земјава, со што ќе се спасат уште многу животи. За тоа сме им бескрајно благодарни“, рече Меџити.

„Трансплантацијата сама по себе спасува животи, но, за да еден живот биде спасен треба да постојат семејства кои даруваат. Кога во најтешки разделби од блискиот се дарува, тоа е најмоќниот чин во човековото живеење. Човечка љубов која нема димензија. Го чествуваме овој ден со голема почит кон сите донори и нивните семејства со едноставна порака: „Вие спасивте животи“, вели Мојсова-Мијовска.

Денешниот ден како што е подвлечено во соопштението, е посветен на сите 19 семејства кои подарија живот на 67 семејства.

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации

Објавено пред

Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

dobivaj vesti na viber

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.

Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:

1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет34 минути

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет57 минути

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија2 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет2 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет15 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...