Македонија
Европското движење во Македонија: Брзината со која треба да се усвои Предлогот остава простор за сомнеж
Европското движење во Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија. Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!),е наведено во соопштението.
„Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла“, појаснувааат од Европското движење.
„Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања. Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура – како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.
Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна – за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.
Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.
Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг – и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес“, пишува во реакцијата од Европското движење.
Го поздравуваат, како што велат, итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак, додаваат дека Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.