Македонија
Единствена Македонија: Место да сее страв, Бујар Османи да почне да учи руски јазик
Марионетската и длабоко корумпирана и купена власт во Скопје мора да е во очај што секојднено зборува за наводни ризици доколку Македонија не стане членка на антимакедонските организации, НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
Според нив, како и Шекеринска, која постојано повторува дека состојбите на терен од јуни ќе се менуваат доколку Македонија не стане членка на НАТО, така и на вчерашниот традиционален појадок со амбасадорите на САД и земјите ченки на ЕУ, и Бујар Османи зборуваше за наводни ризици, промена на состојбите на терен и влијание на трети земји, доколу Македонија не стане членка на НАТО и не добие датум за преговори за членство во ЕУ. „Јасно е дека и Бујар Османи мисли на наводното лошо влијание на Русија, меѓутоа Османи и марионетската власт во целина испуштаат од вид дека сојузот со Русија не е ризик, туку природна средина за македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија со што се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонската држава“, смета Единствена Македонија.
Тие жалат што Бујар Османи не може да ги разбере новите геополитички поместувања на Балканот кои се навестуваат и тие доаѓаат, со што Македонија најпосле ќе го оствари историското стратешко партнерство со Русија. „Оттука, Бујар Османи наместо очајнички да сее страв и лаги кај народот, му советуваме најдобронамерно да започне заедно со сонародниците Албанци да го изучува рускиот јазик, а радикалните Албанци да научат да пливаат“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.
Македонија
Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, извести Обвинителството.
И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет, соопшти Обвинителството.
Македонија
(Видео) „Влен“: Нашите кандидати добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат
„Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН“, кажа портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани.
„Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност.
ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои денес го остварија своето избирачко право мирно и достоинствено, покажувајќи на тој начин висока демократска култура.
Истовремено, очекуваме од Државната изборна комисија фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе како и во првиот круг со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и со волјата на граѓаните.
Според нашите информации од теренот, кандидатите на коалицијата ВЛЕН добија широка поддршка во сите општини каде што настапуваат и очекуваме резултати кои ќе ја потврдат таа доверба.
ВЛЕН ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветен на фер избори, почитување на секој глас и зајакнување на довербата во демократските процеси“, изјави портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани.

