Македонија
Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша
Единствена Македонија го поздравува најновиот извештај на мониторинг-комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во кој се вели дека Бугарија не ги признава Македонците во Бугарија и дека во Бугарија има расизам и дискриминација во однос на Македонците во оваа земја.
„Од друга страна, марионетската власт во Скопје со договорот со Бугарија (член 11) се откажа од грижата за Македонците во Бугарија, со што на своевиден начин го избриша постоењето на Македонците во оваа соседна земја.
Македонците во Бугарија сега се наоѓаат во една крајно незавидна и апсурдна состојба во која странците, односно речиси сите европски држави што членуваат во Советот на Европа ги признаваат како Македонци во Бугарија и се загрижени за нивната положба оти ниту македонски јазик ниту историја не се учи во бугарските училишта, а власта на Зоран Заев во Македонија не ги признава Македонците во Бугарија, со тоа што се откажа од нивна заштита и ги избриша со договорот со Бугарија.
Единствена Македонија како партија што во основа се бори за одбрана на националните интереси има готов концепт како со своите странски пријатели ќе се избори за почитување на меѓународните документи за почитување на малцинските и човековите права и во оваа насока договорот со Бугарија, кој е штетен за Македонците во Бугарија, ќе биде поништен“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

