Македонија
Експерти на терен за увид за изработка на физибилити студија за гондола на Пелистер
Денес во втора посета на општина Битола се претставници на компанија од Словенија со експерти од Франција и Србија кои се во увид на лице место за проектот за изработка на физибилити студија за проект за гондола.
Се работи, како што соопшти организаторот, за врвни експерти од оваа област кои имаат искуство во изработка на физибилити студии и изградба на гондоли и жичари.
Според соопштеното истите имаат изведно проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји.
Експертите ги придружуваа Претседателот на комисијата за туризам Бојан Бојкоски, советниците Иван Чулакоски, Елена Кромидаровска Маховска и Методија Илиевски. Исто така, во посетата ги придружуваше и директорот на хотел Молика Горан Исков. Од увидот на планината, експертите беа воодушевени од природните убавини на Пелистер. Периодот кој следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

