Македонија
(Видео) Експресна средба – состанокот меѓу Заев и Иванов траеше шест минути
Само шест минути траеше средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.
Како што информира репортерот на „Макфакс“, владиното возило со полициска придружба во претседателската резиденција пристигнало во 10.03 минути, а вилата „Водно“ ја напуштило во 10.09 минути по што портите биле затворени.
Според официјалните изјави на премиеритe на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, договорено е новото име на Македонија – Република Северна Македонија (Republic of North Macedoniia), со превод на сите јазици, за севкупна употреба, и ќе се прецизира со амандман во Уставот.
Од друга страна, пак, Иванов инсистира на решение што нема да предизвика уставни промени. Македонскиот претседател во текот на вчерашниот ден оцени и дека несериозно и неодговорно е прашањето за името да се решава телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
Денеска по кратко боледување во Скопје, во 42-година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 каде работеше како уредник во информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Потекнуваше од новинарско семејство, а зад себе остави сопруга и две деца.
Македонија
(Видео) Филипче: Владата треба да ги заштити граѓаните од високите цени
Владата е одговорна да се грижи за граѓаните да не доживуваат вакви цени, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој е во дводневна работна посета на Хрватска, на средби со раководството на хрватската Социјалдемократска партија (СДП).
– Еве и тука, во Хрватска, има протест на граѓаните за високите цени на маркетите. Кај нас навистина загрижува ноншалантноста и незаинтересираноста на Владата да преземе некакви мерки. Дури со одреден цинизам би рекол, ги поддржуваат граѓаните да протестираат, а всушност протестот на граѓаните, освен за високите цени и кон маркетите, треба вистински да биде насочен кон Владата, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените. Владата е одговорна да се грижи граѓаните да не доживуваат вакви цени. Посебно во ситуација кога нема никаков слух за зголемување на нивните плати, еден систем кој што ние го воспоставивме во минатото и сега како опозиција не одговара на нашите повици и предлог закони за зголемивање на минимална плата. Жалосно е што ова го прави со граѓаните, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, г-ѓа Каролина Леаковиќ.
По средбата Филипче посочи дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката на СДП и соработката во градењето на новата Програма на СДСМ, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности.
– Разменивме искуства во делот на партиските активности. И тука во Хрватска следат локални избори, после победата на претседателот Зоран Милановиќ. Ја користам приликата уште еднаш да му упатам честитки за огромниот процент за гласови кој го освои на минатите избори. Во еден дел сме соочени со слични предизвици, имајќи предвид дека ги промовираме социјалдемократските вредносни политики. Ставивме акцент на соработка во однос на поддршката и размена на искуства во градењето на новата Програма, во делот на поддршката на економските програми, понатаму во поддршката на граѓаните, во делот на зголемувањето на платите, во делот на зголемување на стандардот на граѓаните. Се тоа што значи подобар и поквалитетен живот. Нешто за што, за жал, Владата кај нас, владата на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно отфрла, посочи Филипче.