Македонија
Жбогар: Македонија последна во регионот по бесплатна правна помош
Македонија има најмал буџет за бесплатна правна помош, тоа мора да се смени порача европскиот амбасадор во земјава, Самуел Жбогар. Според него, потребен е закон за бесплатна правна помош. Министерството за правда треба да ги зајакне капацитетите и треба да се работи на децентрализација за сите да имаат пристап до правдата.
И покрај законот за бесплатна правна помош кој е усвоен од Собранието во 2011 година, истражувањето на фондацијата „Отворено општество“ поддржано од ЕУ, покажува дека граѓаните не се добро информирани за ова нивно право. Цивилните организации бараат од Министерството за правда да изнајде механизми за да ги информира граѓаните за да ја искористат бесплатната правна помош.
„Во моментов, многу граѓани воопшто не примаат, односно ги примаат предоцна бесплатните правни совети. Дури, последните извештаи на Европската комисија за ефикасноста на правдата покажуваат дека Македонија издвојува помалку финансии од буџетот за овој вид на совети во регионот. Затоа, треба да се направи повеќе за граѓаните да бидат информирани за бесплатните совети.“ – изјави Жбогар.
За една година за проектот „Пристап до правда во Македонија“ издвоени 126.000 евра од касата на Европската унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

