Македонија
Жена од Ресен се удави во Охридското Езеро, луѓе од плажата го забележале телото
Шеесет и седумгодишна жена од Ресен се удави во Охридското Езеро.
Несреќата се случила вчера во близина на плажа во Струга околу 15 часот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Макфакс“ рече дека по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција, а засега нема информации за нејзината медицинска состојба.
Можно е да имала некаков здравствен проблем, но тоа треба го покаже обдудукција.
Случајот за удавената жена го пријавиле луѓе што во моментот се наоѓале во близина на плажата.
Лекарите од итната помош констатирале смрт без траги на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

