Македонија
Жерновски за Берлинскиот процес: Македонско-бугарското копретседавање ефективно ги реализира приоритетите
Заменикот-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска учествуваше на вебинар на тема „Локалните власти на Западен Балкан во пристапниот процес кон ЕУ и Берлинскиот процес”, во организација на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА.
Целта на конференцијата беше одбележување на 20-годишнината од постоењето на АЛДА и нивната активност на полето на создавање одржливи локални заедници, а гледано низ фокусот на европската интеграција и целите и приоритетите на копретседавањето со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Во своето обраќање Жерновски посочи дека клучно за една демократија е да се поттикне инструментот за повеќестепените процеси на донесување одлуки, каде што локалните и регионалните власти ќе можат да го даваат своето мислење во креирањето на политиките.
„Ние се потпиравме на овој пристап во рамките на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Северна Македонија и Бугарија, применувајќи го принципот на сеопфатност, апсорбирање на регионалните погледи во рамките на програмскиот план на Претседателството, со цел да ги одразиме нивните, а пред сè интересите на граѓаните”, истакна Жерновски.
Во контекст на копретседателството со Берлинскиот процес, тој додаде дека за првпат од 2015 година се случува земја членка и земја кандидат заедно да копретседаваат со овој процес, што претставува силен сигнал за регионално сопствеништво и можност за претставување важни регионални теми во поширок европски контекст.
Кризата предизвикана од Ковид-19 создаде неизвесност и непредвидливост не само за регионот, туку и за целиот европски континент, а со тоа се наметна и потребата од адаптација на програмата на заедничкото претседателство. Покрај тешкотиите предизвикани од кризата Ковид-19, двете држави се фокусираа на спроведување и насочување на клучните приоритети, како што е олеснетото движење во регионот, засновано врз сеопфатност, изнаоѓање опции за регионален договор за патување со лични карти, ажурирана агенда за регионалната економска област (МАП РЕА 2.0) и давање поттик за имплементација на одредбите од Декларацијата за Ромите усвоена во Познан минатата година.
Новата реалност нè принуди да бараме поинаков пристап и соодветно олеснување на моменталните предизвици и поради тоа во нашето заедничко претседателство ќе вклучиме теми поврзани со (пост) Ковид-19 економското закрепнување на регионот, почнувајќи од транспортот и зелените коридори, како и заемната помош за јавното здравство, додаде Жерновски во своето излагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

